Еден од најдобрите фудбалери на Лајпциг итно префрлен во болница


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Еден од најдобрите фудбалери на РБ Лајпциг Наби Кеита денеска е итно префрлен во болница после натпреварот со Волфсбург (0:1).

Кеита по завршувањето на натпреварот се онесвести и заврши на земја, но многу брзо му е укажана лекарска помош.

Како што наведуваат германските медиуми, Кеита имаше големи проблеми со циркулацијата и поради тоа ќе биде префрлен во болница, каде што ќе биде под будно око на лекарите.

Играчот за врска од Гвинеја  се чувствува добро и овој проблем веројатно не би требало да остави сериозни последици, но секако е оставен на претпазливост.

Дваесет и две годишниот Наби Кеита игра одлична сезона во Лајпциг и се шпекулира дека на лето ќе го промени клубот.

За него, меѓу останатите, заинтересирани се Ливерпул, Борусија Дортмунд, Баерн, Атлетико Мадрид и Арсенал.