Нови снимки се појавија во јавност – Имало пенал над Суарез?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Фудбалерите на Барселона го победија ПСЖ во драматичен натпревар со 6:1, откако по првиот натпревар во ЛШ имаа негатива од 4:0.

Тие со оваа победа влегоа во историјата на ЛШ.

Сега се појавија нови снимки по големата прашина која се крена за вториот пенал за Барселона. Суарез по дуелот со Маркињос падна како покосен, а многумина го обвинија дека со симулирање изборил пенал.

Но некои шпански медиуми тврдат дека имало пенал. Сите веруваат дека Суарез глумел за да добијат пенал, но медиумите тврдат дека играчот на ПСЖ направил прекршок врз Суарез кога му стапнал на десната нога.