„Ако сакаме во финале, мора да ги победиме сите!“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


На домашен терен Атлетико одиграа 0:0 со Леверкузен и така се пласираа во ¼-финале на ЛШ.

Тие во првиот натпревар одигран во Леверкузен победија со 4:2 и ремито без голови на домашен терен беше доволно за тимот на Атлетико.

„Имавме шанси, но не и среќа. Најважно е дека сме во ¼-финале, а веќе размислуваме за наредниот натпревар. Не постигнавме гол затоа што не напаѓавме како лудаци.“

Во разговор за медиумите Гризман го пофали и голманот Облак.

„Тоа кој ќе го добиеме во ¼-финале е сеедно. Ако сакаме во финале, мора секој да го победиме.“