Индијан Велс – Федерер ќе игра против Вавринка во финале!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Денес се одигра и вториот натпревар од ½-финалето во Индијан Велс.

Натпреварот започна одлично за Федерер кој успеа да направи брејк против Сок во 4-от и 6-от гејм и да го освои првиот сет експресно со 6:1

Вториот сет имаше повеќе возбудувања и израмнет натпревар, а Федерер не успеа да искористи една брејк шанса во 7-от гејм.

Во тај-брејк Федерер беше подобар со 7:4 и така си обезбеди дуел со Вавринка во финалето.