Аргентина со гол на Меси го победи Чиле!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Аргентина вчера на домашен терен беше подобра од Чиле со 1:0 во рамки на 13-то коло од квалификациите за СП.

Единствениот гол на натпреварот го постигн Меси од пенал во 16-та минута. Многу брзо по водството, можеше Агуеро да ја зголеми предноста, но ударот му заврши над голот.

Во второто полувреме Чиле имаше подобри шанси. Прво Санчез во 65-та минута испрати удар од слободен удар од 20-на метри, но ја погоди пречката, а кратко потоа Кастиљо имаше одлична ситуација еден на еден со голманот Ромеро, кој го одбрани ударот.

До крајот на натпреварот немаше големи шанси и Аргентина освои три вредни бодови.

Аргентина се наоѓа на 3-та позиција со 22 бодови додека Чиле е на 6-то место со 20 бодови.

Останати резултати:

Парагвај – Еквадор 2:1
Венецуела – Перу 2:2