Јувентус прифати да го продаде Дибала, ова се условите!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Се чини дека добро ќе поминат со оваа зделка, не знаеме што вие мислите…

Барселона се одлучи за Дибала, дури се зборува дека тој може да биде замена за Нејмар кој има понуда од Париз, но и од Премиер лигата.

Аргентинецот ќе го продолжи договорот со Јувентус, но тоа не значи ништо, ако понудата биде подобра, може да заигра со Меси.

Но, што наводно Марота бараше за Дибала од Барселона.

Немојте да се смеете, на оваа понуда Јувентус би прифатил од прва.

Цената е 100 милиони евра, што е прифатливо, плус три играчи, Ракитиќ, Маскерано и Андре Гомеш.

Првиот е веројатно на продажба ако стигне Верати, вториот беше на мета на Јувентус, но Барса не го пушти, третиот е платен многу, го прогласија за разочарување на сезоната.

Но, тоа е начин на Јувентус, тие од Реал за Дибала бараа нешто слично, огромна сума на пари, но и Мората, Иско и Џејмс Родригез.