Легендарниот Раул ќе го предаде Реал Мадрид?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Во шпанските медиуми се пишува дека Раул Гонзалез би можел да работи за Барселона.

После завршувањето на богатата кариера во Реал се посвети на работата како амбасадор во Ла Лига, денес редовно му помага на Барселона и би можел да почне да работи за каталонците.

Таа вест ја соопштија шпанските медиуми, а останува да се види на кој начин ќе реагираат навивачите на Реал каде Раул помина најголем дел од својата кариера.

„Чекор по чекор. Прво сака да се вратам дома во Мадрид, а одлуката за идните проекти ќе ја донесам кога ќе дојде време. Барселона? Не можам да кажам дека нема да работам за неа“, изјави Раул.

„Фудбалот е таков. Не треба да заборавам дека во Реал бев 17 години и никој не може да каже дека не сум вистински мадридиста. Мојата совест е чиста“, заклучи Раул.

Раул за времето поминато во Реал освои се што можеше да се освои, а од кралскиот клуб се прости во 2010-та година кога се пресели во Шалке. До крајот на кариерата играше за Ал Сад и Њујорк Космос.