Смена на клупата на Аргентина, стигнува човек кој пред две години ги фрли во очај!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Според најновите информации Едгард Бауза го чека отказ.

Аргентинците се во незавидна позиција во квалификациите за Светско првенство во Русија.

Се наоѓаат на петто место на табелата, и пласманот на смотрите на најдобрите светски селекции им е загрозен.

Останаа без Меси, кој ќе пропушти неколку месеци поради суспензија, во првиот меч без ѕвездата на Барселона се поразени од Боливија.

Епилог од ваквата лоша ситуација судејќи по се ќе биде смена на клупата, фудбалскиот сојуз на Аргентина ќе се заблагодари на Бауза на соработката, а на негово место се спремни да го постават поранешниот селектор на Чиле и актуелен тренер на Севиља Хорхе Сампаоли.

Сампаоли во 2015 година ја предводеше „Ла Роха“ до освојувањето на Кома Америка, а токму во големото финале ја совлада Аргентина.

Тој неодамна изјави дека сон му е да го тренира Меси, многу тоа го протумачија како негова желба да седне на клупата на Барселона, но далеку пореална опција е да го видиме на клупата на Гаучосите, бидејќи со Севиља ја продолжи соработката до 2019 година, и тешко е да се поверува дека во ова лето ќе го промени клубот.