АТП трка – Надал и Федерер се на врвот, Ѓоковиќ дури 22-ро место, Мареј на 12-то место!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Кога се гледаат само резултатите од оваа година, Ѓоковиќ е на 22-то место.

Моментално е на 18-то место, но го очекува дополнителен пад Новак затоа што не учествуваше на турнирот во Мајами. Тој досега има собрано 475 бодови.

Енди Мареј се наоѓа на 12-то место со 840 освоени бодови оваа сезона.

Федерер и Надал се убедливо најдобри на оваа листа, а многу ќе зависи од финалниот натпревар во Мајами.

Доколку Федерер победи тогаш тој ќе има вкупно 4045 бодови додека во случај на пораз би останал на 3645. Од друга страна, Надал во случај на пораз ќе има 2235 бодови додека во случај на победа би имал 2645 бодови.