„Немојте да ме споредувате со Меси“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Од аргентинскиот фудбалер Пауло Дибала навивачите на Јувентус очекуваат утре одлична игра против Барселона во четвртфиналето на Лигата на шампионите.

Јуве на домашен терен ја дочекува Барселона во првиот меч од четвртфиналето на Лигата на шампионите.

Пред големото дерби Дибала даде интервју за италијанските медиуми во кое откри дека му пречи тоа што за него се зборува дека може да биде новиот Лионел Меси.

„Навистина се восхитувам и го почитувам Меси. Тој многу пати освои Лига на шампионите, а јас сеуште ја сонувам својата прва титула во ова натпреварување.

На луѓето постојано зборувам дека не сакам да ме споредуваат со Меси бидејќи јас сум Пауло Дибала.

Разбирам дека во Аргентина очекуваат многу од мене, но не сакам да бидам новиот Меси туку целта ми е да изградам своја кариера“, рече Дибала.

Аргентинскиот фудбалер додаде дека Барселона не е само Меси веќе дека каталонскиот клуб има уште многу квалитетни играчи кои можат да решат натпревар, а истакна посебно еден.

Барселона не е само Меси, па тука е и Нејмар кој е страшен играч. Сигурно е дека ова ќе бидат два многу возбудливи натпревари, но се надевам дека на крајот ќе излеземе како победници“, додаде напаѓачот на Старата дама.