Видување на натпреварот од страна на Роналдо: Фер победа!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Реал беше подобар“, смета Португалецот.

Постигна хет-трик, стана прв играч во исторојата на Лигата на шампионите кој постигна 100 гола, го разби Баерн во ситни делови… Но, остана фактот дека Кристијано Роналдо во ситуацијата кај вториот и третиот гол беше во недозволена позиција.

Што само фрли уште поголема сенка на се она што се случуваше во Мадрид вечерва.

За сите контроверзните одлуки на судискатаекипа водена од мадридскиот арбитар Виктор Кашаи ќе се зборува долго.

А Роналдо даде свое видување.

„Фер победа. Реал беше подобaр, не е лесно да се постигнат шест голови на Баерн“, рече Португалецот, па потоа продолжи:

„Баерн покажа дека е одличен тим, но бевме подобри. Создадовме многу шанси. Дадовме голови. Се навикнавме да патиме, но сега сме среќни“.

Сепак, Роналдо не беше задоволен со начинот на кој публиката на стадионот Сантијаго Бернабе се однесуваше кон него, поради тоа што во неколку наврати гласно свиреше.

„Ги молам навивачите да не ми свират бидејќи го давам својот максимум. Работам и помагам на Реал. Ќе бидам тука за клубот секогаш“.