Манчестер реши да го купи пола ПСЖ


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Според Гол сега на радарот на Јунајтед е и бразилецот од тимот од Паркот од Принцовите.

Пренесовме дека Манчестер Јунајтед се обидува да ги доведе левиот бек и фудбалерот за врска од Паркот од Принцовите, но изгледа дека тука нема да запре.

Мурињо ги почитува квалитетите на Маркињос и спремен е да се обиде да го пресели на Олд Трафорд.

Поранешниот дефанзивец на Рома конечно е стандарден во составот на светците по враќањето на Давид Луиз во Челси.

Кај себе сакаат да го видат и Интер и Барселона, а сега се вмеша и Јунајтед кој е спремен да понуди 70 милиони евра.

Маркињос одамна ги започна преговорите со парижаните за продложување на соработката, тој нема ништо против останување, но понудата од 70 милиони дефинитивно ќе го натера раководството на ПСЖ да размисли.