Иско конечно одлучи каде сака да ја продолжи кариерата


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Шпанскиот репрезентативец Иско се наоѓа на раскрсница во својата кариера бидејќи во ова лето треба да одлучи каде ќе ја продолжи својата кариера.

Во последно време доста се шпекулира за тоа каде Иско ќе ја продолжи својата кариера бидејќи на крајот од наредната сезона му истекува договорот со Реал Мадрид.

Се зборува дека има понуда од Барселона, и дека на лето 2018 година ќе забие нож во грбот на кралскиот клуб со заминување на Ноу Камп.

Сепак, се чини дека Иско конечно одлучи каде ќе ја продолжи својата кариера, односно ќе остане во Реал Мадрид.

Марка денеска објави дека овој фудбалер успеа да се договори со кралскиот клуб да го продолжи договорот, а до тоа дојде најмногу благодарение на неговите игри во последно време.

Како што пишува влијателната Марка, Иско со Реал Мадрид ќе потпише нов петгодишен договор според кој на Сантијаго Бернабе ќе остане до лето 2022 година.

Иско сега ќе има дупло поголема плата и годишно ќе заработува шест милиони евра.

Пред него ќе бидат само Роналдо, Бејл, Рамос, Крос, Модриќ и Бензема.