Милан дупката во средниот ред ја „крпи“ со хрватски интернационалец


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Новата управа на Милан веќе на големо работи на подготовка за наредната сезона.

Милан се наоѓа на шестото место во Серија А, Лигата на шампиони е оддалечена со милји, но Росонерите можат во европско натпреварување, бидејќи се наоѓаат на позиција која ги води во Лига Европа.

Тоа значи дека во наредната година низ две натпреварување можат да се изборат за враќање во ЛШ, и извесно е дека ќе им бидат потребни засилувања.

Се споменуваат засилувања во нападот, наводно новата управа сака шпиц од висок квалитет кој може да го предводи „новиот Милан“, а јасно е дека ќе им бидат потребни засилувања и во останатите линии на тимот.

Имено, Фасоне и Мирабели пронајдоа играч кој може да го засили средниот ред, а во прашање е поранешниот фудбалер на Интер Матео Ковачиќ.

Играчот за врска на Реал ретко игра во оваа сезона, добива шанса воглавно од клупа, и често се шпекулира дека може да замине.

Тотенхем одамна покажа интерес за хрватскиот фудбалер, а сега наводно и Милан се вклучи во приказната.

Монтела ги сака Ковачиќ и Марио Пашалиќ на располагање во наредната сезона, за вториот кој е веќе на позајмица на Сан Сиро и лесно ќе се договорат, додека ангажирање на Ковачиќ ќе биде далеку потешка мисија за Росонерите.

Имено, Реал сака да го пушти но не за помалку од 30 милиони евра. Се чини како разбирлива цена за играч со негов потенцијал и квалитет, барем во денешно време, но прашање е дали Милан може тоа да си го дозволи, поготово бидејќи се спремни речиси пола од најавениот буџет да потрошат на еден напаѓач.