Жозе Мурињо доби 400 милиони фунти за трошење на нови засилувања: На првото засилување троши 200 милиони?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Жозе Мурињо доби 400 милиони фунти за трошење на нови засилувања: На првото засилување троши 200 милиони?

Навивачите на Манчестер Јунајтед имаат свои причини да бидат возбудени од тоа што летниот преоден рок им донесува после изјавата на Гиљем Балак во петокот.

Според шпанскиот фудбалски стручпнак, одборот на Јунајтед е спремен да даде на Жозе Мурињо 300 – 400 милиони фунти за трошење на нови засилувања.

„Доверливо сум известен дека Манчестер Јунајтед е спремен да потроши на засилувања од 300 до 400 милиони фунти во ова лето со цел да го постигне тоа што го сака“, рече за Скај Спортс.

„Всушност, Јунајтед може да се потпре на трошење повеќе од 400 милиони фунти, доколку Мурињо биде во склоп со тимот. Може да потроши повеќе ако биде потребно“, додаде Баљак

Што вас може 400 милиони фунти да донесат на денешниот пазар? Па, на темелите на пријавените мети на Јунајтед, можат удобно да си ги дозволат Антоан Гризман, Ромелу Лукаку и Килијан Мбапе.

Но постои еден играч за кој е посебно заинтересиран Жозе Мурињо: Нејмар од Барселона.

Разни извори известуваат дека португалскиот стручнак сака да ја активира клаузулата на Нејмар за откуп од 200 милиони евра и да го доведат на Олд Трафорд.

Многу зависи од тоа дали сака Нејмар да остане, или ќе разговара за пари. Ако Барселона ја ставила откупната клаузула од 200 милиони евра во неговиот договор, тоа значи дека се е можно.

Уште подобро за Јунајтед е дека Бразилецот претходно изрази желба за играње во Премиер лигата.

„Премиер лигата е првенство што ме импресионира“, изјави Нејмар за „Сан“ во март.

„Го сакам стилот на игра и екипата. И кој знае, можеби, еден ден, би сакал да заиграм таму“.

„Се восхитувам на Манчестер Јунајтед, Челси, Арсенал, Ливерпул – тоа се екипи кои секогаш се борат“.

„А тогаш имате тренер на високо ниво како што се Мурињо и Пеп Гвардиола. Тоа се тренери и со кои секој играч сака да работи“.

Нејмар очигледно е голем фан на Јунајтед, а според доверлив извор, разговарал со пријателите за можен трансфер на Олд Трафорд.

Дејли Рекорд тврди дека Нејмар рекол на пријателиите дека е добро свесен за интересот на Јунајтед и дека и Челси го контактирал за трансфер.

Всушност, Нејмар потврди дека Јунајтед ќе продолжи да биде упорен за неговиот потпис на крајот на сезоната.

Навистина возбудливо лето за сите навивачи на Јунајтед.

Но, со оглед на тоа дека Барса го смета за наследник на Лионел Меси на Ноу Камо, нема шанса за така лесно да го пушти.