„Штета што моравме да примиме голови за да заиграме“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Реал Мадрид беше поразен со 1:2 на гостувањето кај Атлетико, но се пласираше понатаму со вкупни 4:2.

Иско беше стрелец на единствениот гол на Реал по одличниот потег на Бензема.

„Многу сме среќни, победивме голем ривал и се пласиравме во финале. Очекувавме ваков натпревар, тргнавме лошо и примивме 2 голови, но успеавме да постигнеме еден, а потоа тие паднаа. Штета е тоа што моравме да примиме голови за да заиграме подобро.“

По натпреварот играчите на Атлетико ја прославија победата со своите навивачи.

„Тоа е мал детал кој го заслужија. Добија аплауз како да се шампиони. Немаме проблем да им се заблагодариме.“