Рикардо Родригез одбра нов клуб!?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Рикардо Родригез, еден од најдобрите играчи на Волфсбург на крајот од оваа сезона ја завршува својата епизода во Бундеслигата.

Според денешните новости, Родригез веќе го одбра клубот каде што ќе ја продолжи својата кариера, а тоа е екипата на Милан.

Милан за овој играч ќе плати 22 милиони евра, но официјална потврда за овој трансфер ќе добиеме после завршувањето на тековната сезона.

Родригез е второто засилување на Милан за наредната сезона после веќе договорениот Мусачо од екипата на Виљареал.