„По прикажаното, заслуживме финале!“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Фудбалерите на Ајакс се пласираа во финалето на ЛЕ, иако изгубија од Лион во реванш натпреварот со 1:3.

Питер Бош е презадоволен со успехот на својата млада екипа.

„По прикажаното во овие 2 натпревари, заслуживме да поминеме понатаму. Ова е супер чувство. Воодушевен сум што Јунајтед ќе ни биде противник. Сега ќе видиме дали може да направиме историски успех.“

Тренерот на Ајакс призна дека неговиот тим имал среќа на крајот на натпреварот.

„Срцето ми чукаше силно. Натпреварот беше тежок, иако одигравме одлично во првото полувреме. Две минути пред паузата, се тргна лошо. Им кажав на играчите да не паничат, но тоа беше поинаков натпревар во вториот дел.“