После Родригез, Милан сака и негов соиграч!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Претставниците на Милан наскоро ќе се упатат кон Волфсбург со цел да го финализираат трансферот на играчот на оваа екипа Рикардо Родригез, а се чини дека од Германија може да се вратат и со уште едно засилување.

Милан за швајцарскиот бек и неговиот моментален клуб Волфсбург, за неговите услуги ќе издвои околу 18 милиони евра, 15 милиони надокнада за Родригез со дополнителни три милиони за можни бонуси.

Со Волфсбург го одложија реализацијата на овој трансфер додека оваа екипа не одигра важен бундеслигашки дуел со Хамбург во оваа недела.

Тпа значи дека директорите на Милан Марко Фасоне и Масимилиано Мирабели, најверојатно во вторник или среда ќе отпатуваат во Германија со цел да се реши потребната докумантација и финализација на трансферот на Родригез.

Меѓутоа, според информациите од Италија, претставниците на Милан сакаат во Германија да разговараат со челниците на Волфсбург околу можен трансфер на уште еден играч на оваа екипа, играчот за врска Луиз Густаво.

Темпераментниот Бразилец е познат по жестокиот карактер, а неговиот договор со Волфбург истекува во 2018 година, а во Милан се заинтересирани, за то побрзо, да го доведат овој играч во својата екипа.