Нов клуб во редот за Ибрахимовиќ


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Иако веќе на големо се шпекулира дека Златан Ибрахимовиќ кариерата ќе ја продолжи во ЛА Галакси, денес интересни вести доаѓаат од Русија.

Имено, рускиот гигант Зенит на својот официјален Твитер профил објави фотографија на која се гледа Ибрахимовиќ во нивна тренинг маичка, а на фотографијата пишува „Ибрахимовиќ во Зенит“.

Од официјалниот Твитер профил на Зенит дури и почнаа да го следат профилот на шведскиот голгетер, па тоа уште еднаш ги подгреа шпекулациите за неговата иднина.

Како и да е, веројатно се работи за маркетиншки обид да се привлече внимание, нешто слично како што пред некој ден направи Херта Берлин која му понуди договор на Ибрахимовиќ иако признаа дека немаат пари за него.