РК Охрид се засилува пред настапите во Европа


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Тимот на РК Охрид откако го постигна историскиот успех по завршувањето веднаш зад Вардар и Металург полека се подготвува за настап на европска сцена.

Првото засилување за тимот предводен од Горан Андоновски ќе биде пикерот Томислав Кљаиќ.

Кљаиќ  потекнува од младите категории на Загреб, а има играно и за хрватскиот тим Дубрава со кого ги има постигнато најдобрите индивидуални резултати. 25 годишниот пикер во сезоната 2013/14 бил најдобар стрелец од линијата од 6 метри со вкупно 88% успешност на реализираност.

Покрај Загреб и Дубрава, Кљаиќ има настапувано за Ферлах (Австрија) и Јозгат Бзокспор (Турција).