Нолито: Има интерес од Севилја и Селта Виго


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Играчот на Манчестер Сити, Нолито, откри дека Севилја и Селта Виго се заинтересирани за неговиот потпис.

Репрезентативецот на Шпанија не се снајде најдобро на Островот, па сега бара трансфер назад во Шпанија.

„Точно е дека постои интерес од Севилја, исто така има интерес и од Селта, но и други тимови. Дали ќе заминам од клубот не зависи од мене, затоа што Манчестер Сити претпоставувам ќе бара пари, да бидам искрен не знам колку.

Имам уште две години од мојот договор, тие платија 18 милиони евра за моите услуги. Можеби ќе пробаат да се ослободат од мене со едногодишна позајмица со можност за откуп.“-коментираше Нолито во интервју за „Барамедија“.

Нолито во дресот на „Граѓаните“ одигра вкупно 30 натпревари, но со многу мала минутажа.