Лазаров не губи надеж: Ни треба поддршка како никогаш досега!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Македонските ракометари вчера загубија на гостувањето кај Фарски Острови во првиот бараж натпревар и ги чека тешка задача на домашен терен во обид да изборат пласман на Светското првенство (СП) во 2025 година.

Селекторот Кире Лазаров побара голема поддршка од публиката во СЦ „Борис Трајковски“ во реваншот.

„Фарски Острови беше подобар противник и заслужи победа. Ни создадоа многу проблеми. Нивниот напад беше перфектен, иако бевме подготвени за да ги запреме. Ќе се обидеме да ја анулираме негативата од седум голови, но ни треба поддршка како никогаш досега“, кажа Лазаров.