Венгер: Санчез не е на продажба


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Алексис Санчез нема да биде продаден ова лето и ќе го води Арсенал кон враќање во Лигата на Шампионите. Ова го изјави Арсен Венгер за новинарите во Австралија.

„Одлуката е донесена и ние ќе се држиме до неа. Одлуката е играчот да не се продава. Игравме 20 години во Лигата на Шампионите, 17 години пред да стигне Санчез и три години со него, па се надеваме дека тој ќе не врати таму“- истакна Венгер.

Се погласни беа шпекулациите кои го поврзуваа Санчез со трансфер во Баерн или Манчестер Сити. Сепак, како што стојат работите репрезентативецот на Чиле веројатно ќе остане во Арсенал и следната сезона.