Монако одби понуда од Манчестер Сити за Менди


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Како што пишуваат медиумите во Англија од редовите на Монако одбиле богата понуда за Бенџамин Менди од Манчестер Сити.

„Граѓаните“ за десниот бек на Монако понудиле 44.5 милиони фунти, но понудата веднаш била одбиена затоа што од Монако сметале дека Менди вреди повеќе од Кајл Вокер кој во Манчестер Сити дојде за 54 милиони фунти.

Интерес за Менди постои и од Челси откако клубот од „Лондон“ не успеа да го ангажира Алекс Сандро од редовите на Јувентус.