Вилиан го потврди интересот од Манчестер Јунајтед


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Играчот на Челси, Вилиан потврди дека неговиот агент одржал разговори со лица од Манчестер Јунајтед за евентуален негов трансфер на театарот на соништата.

Играчот од средината со значително офанзивни карактеристики беше најдобар играч на клубот во последната сезона кога Мурињо беше на чело на клубот, но не успеа да се наметне кај Антонио Конте.

Затоа се зголемија шпекулациите дека Бразилецот ќе си замине од „Стемфорд Бриџ“ а како најсериозна дестинација се споменуваше Манчестер Јунајтед.

„Имаше неколку разговори со мојот агент. Работев со Мурињо и станав добар пријател со него. Тој ја сака мојата игра, а мене Мурињо ми се допаѓа како тренер и како личност. Манчестер дојде по мене, тие преговараа со мојот агент, но ништо не се случи затоа што Челси не сакаше да преговара, а јас сум многу среќен овде“- коментираше Вилиан.