Стуџински од Германија победник на Охридскиот пливачки маратон


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Германскиот маратоне, Александар Стуџински триумфираше на традиционалното 31-во издание на Охридскиот пливачки маратон.

Германецот во фото финиш стигна на целта на пристаништето во Охрид пред нашиот Евгениј Поп Ацев кој заврши како второпласиран. Зад него пристигнаа уште петмина маратонци.

Стуџински патеката „Климе Савин“ ја исплива за пет часа, 15 минути, 14 секунди и 36 стотинки, додека нашиот маратонец на целта стигна по само 33 стотинки. Третопласиран беше Аргентинецот, Гиљермо Бентола.

– Активно учествував на една од највозбудливите трки во историјата на Охридскиот пливачки маратон. Воопшто не сум разочаран што не стигнав до првата позиција, бидејќи Стуџински имаше повеќе сила и енергија во финишот. –изјави Поп Ацев, а пренесе Охридњус.

Во женска конкуренција прва на целта во Охрид пристагна Барбара Поцбон од Италија.