Вилшер заминува од Арсенал во јануари


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Менаџерот на Вест Хем, Дејвид Мојс призна дека е заинтересиран за услугите на Џек Вилшер од Арсенал.

Вилшер не добива премногу шанса кај Арсен Венгер играјќи во почетната постава само во натпреварите од Лигата на Европа.

Веќе се појавија некои клубови кои се заинтересирани за да го обезбедат неговиот потпис во јануарскиот преоден рок. Меѓу нив е и Дејвид Мојс кој истакна: „Џек Вилшер е играч кој би разгледале да го донесеме доколку е слободен. Јас исто така сакам играчи кои може да бидат во клубот подолг период, а не само кратко“.

Вилшер мора да игра редовно доколку сака да обезбеди место во репрезентацијата на Англија за Мундијалот во Русија па речиси сигурно ќе ги напушти „топчиите“ во јануарскиот преоден рок.