Тотенхем не е заинтересиран за Баркли, Челси прв фаворит за неговиот потпис


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Како што дознава „Скај Спортс“ од редовите на Тотенхем немаат намера да испратат понуда до Евертон за услугите на Рос Баркли.

Баркли минатото лето беше трансфер мета на Челси но играчот го одби договорот кој му го понудија „сините“ иако Евертон ја прифати нивната понуда. Тогаш се шпекулираше дека англискиот репрезентативец го одбил Челси со цел да се пресели во Тотенхем.

Сепак, „Петлите“ нема да го ангажираат играчот за врска, а интересот за него го обнови Челси кој и во овој преоден рок ќе се обиде да ги обезбеди неговите услуги.

Истиот медиум дознава дека веќе се започнати разговори помеѓу Евертон и Челси и двата клуба се блиску до договор.