Киево се држеше, но со девет играчи не можеше против Јуве


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Јувентус со 2:0 славеше на гостувањето во Верона кај Киево во рамките од 22. коло од Серија А.

Со оваа победа „Старата Дама“ барем за момент ќе биде на првата позиција на табелата пред Наполи кој утре гостува кај Болоња.

Јувентус не блескаше вечерва, но сепак успеа да ја оствари планираната победа и да ги освои трите бода.

Киево на натпреварот играше со двајца играчи помалку, а пет минути по второто исклучување Јувентус стигна до водство. Мрежата на Киево ја затресе Сами Кедира кој донесе предност за гостите. Конечниот резултат го постави Гонзало Игуаин во 88. минута.