АТП: Федерер му „диши во врат“ на Надал

0

На најновата АТП листа, која е објавена по завршувањето на првиот гренслем турнир во сезоната Австралија Опен, дојде до промени помеѓу најдобрите десет тенисери во светот.

Првото место е се` уште резервирано за Рафаел Надал со 9760 поени додека Швајцарецот Роџер Федерер е на втората позиција со 9605 поени, па сега само 155 поени го делат од првото место, на кое последен пат беше на 4 ноември 2012 година.

Трет е Хрватот Марин Чилиќ со 4960 поени, кој скокна на АТП листата за три места и тоа е рекорден пласман во кариерата.

Како изгледа топ десет може да погледнете на сликата.

Share.