Гигант од ПЛ дава вистинско богатство за играчот на Лајпциг!

Тренерот на Ливерпул, Клоп почна да бара засилувања за наредната сезона во која ќе игра во ЛШ.

На листата на желби е Кеита. Медиумите тврдат дека тие се подготвени да платат 50 милиони фунти за него.

Кеита е еден од најдобрите играчи на Лајпциг оваа сезона, па логично е тимот да бара многу пари за неговите услуги.

Проблем може да претставува договорот кој го има Кеита со својот тим, а тој трае до 2020-та година.

Кеита оваа сезона настапи во 31 натпревар во БЛ и постигна 8 голови и 8 асистенции.

Тој во Лајпциг дојде од Салцбург за 15 милиони евра.