Главоболки за Солари: Реал Мадрид остана без двајца важни фудбалери!

Привремениот тренер на Реал Мадрид, Сантијаго Солари, почна фантастично на тренерската клупа, откако запиша четири победи во четири дуели.

Последниот беше против Селта Виго, кој го доби Реал со 4-2, но по дуелот Солари доби многу лоши информации.

Тој мораше да направи две принудни замени, откако Касемиро и Начо се повредија, а очигледно ги очекува долга пауза.

Солари нема да може да смета на двајцата фудбалери дури два месеци и тоа е голем удар за „кралскиот клуб“.