Едно од најголемите промашувања на Фергусон: Ниту Азар нема толку добра статистика!


Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


Едно од најголемите промашувања во историјата на Манчестер Јунајтед е Бебе.

Тој игра одлично во дресот на Еибар, па претставува едно од најдобрите изненадувања во досегашниот дел во текот на сезоната.

Во минатото коло со својот гол му донесе бод на својот клуб на гостувањето кај Легањес, а тоа му беше втор во оваа сезона.

Покрај 2 голови, тој има и 2 асистенции, а статистиката открива дека тој на 96 минути постигнува гол или прави асистенција.

Звучи неверојатно, но таков просек немаат ниту фудбалери како Гризман, Азар или Кутињо.

Тој во Јунајтед стигна како непознат фудбалер, се сомневаа во неговите квалитети, но и регуларноста на трансферот.

Бебе не успеа да избори место во тимот на Фергусон, но не се откажа.

Овој 26-годишен играч најдобрите моменти ги доживеа во Португалија, кога во сезоната 2013/14 играше како позајмен играч во Пакос де Фереира.

За тој клуб во 27 натпревари постигна 12 голови.