Инстаграм гори: Играч на Рома на српски со сочни пцовки го поздрави Раџа Најнголан (Фото)

Играчот од одбраната на Рома, Костас Манолас со еден коментар на фотографијата на Раџа Наинголан ја разбранува јавноста во Италија.

Наинголан објави фотографија  од неговото деби во дресот на Интер, а веднаш со коментар се јави неговиот поранешен соиграч, Манолас.

Интересно е што Манолас коментарот го напиша на српски јазик, веројатно поддржан од Александар Коларов или Един Џеко.

„Мрш да те е**м во уста глупаку“ – му напиша Манолас на Наинголан, па фотографијата брзо го обиколи фудбалскиот свет.