Негативен рекорд на Арсенал за кој не сакате да знаете

Фудбалерите на Арсенал беа понижени во двата натпревари од Лигата на Шампионите од Баерн Минхен.

Топчиите во првиот натпревар беа поразени со 5:1 во Минхен, а истото им се случи и вечерва на Емирати.

Твитер гори, а многу статистики кажуваат дека вечерва Арсенал рушил многу негативни рекорди во својата историја, но и во историјата на ЛШ. Тие беа вкупно поразени со 10:2 од Баерн, а тоа беше вториот најтежок пораз на еден клуб во нокаут фазата во ЛШ во овој формат. На првото место исто така е Баерн кој во сезоната 2008/2009 го победи Спортинг со неверојатни 12:1.