„Парите не играат фудбал“

Тренерот на Баерн, Карло Анчелоти вели пред натпреварот со Лајпциг дека тоа ќе биде одличен натпревар за сите што сакаат фудбал.

Лајпциг по 15 кола во БЛ го дели 2-то место со Баерн. Двете екипи има по 36 бодови.

„Ќе останеме верни на својот стил на игра и ќе се обидеме да вметнеме ритам. Ќе стоиме цврсто во одбраната и ќе се обидеме да најдеме рамнотежа. Лајпциг е добар, млад тим кој игра фудбал со многу ентузијазам.“

„Парите не се најважна работа во фудбалот, Лајпциг има вистински баланс и резултатите кои ги постигнуваат им дадоа самодоверба.“

Тренерот на Баерн потврди дека Робен и Лам се подготвени додека Боатенг ќе отсуствува 6 недели.