Познат руски клуб го менува името во Ахмат!


Ливерпул викендов може да ја освои титулата во Премиер лига ↓↓↓


Рускиот прволигаш Терек во иднина ќе се натпреварува со друго име.

Извршниот директор на Терек откри дека тимот ќе носи име според Ахмат Кадиров, поранешен побуненик кој се борел за независност на Чеченија.

„Добивме многу барања од навивачите да го смениме името. Ќе се обидеме да бидеме достојни на тоа име.“

Ахмат е убиен во атентат во 2004-та година по што неговиот син Рамазан ја превземал должноста.

По Ахмат го носи името и стадионот на Терек.