Суарез одби да се поздрави со тренерот!


Роналдо нека се пази, Мароко гази - 19 ден ↓↓↓



Луис Суарез одби да му пружи рака на својот тренер после победата против Малага со 2:0.

Суарез промаши доста и во 83тата минута беше заменет.

Тоа најверојатно му сметаше на Суарез и само помина покрај Валверде без да се поздрави. Валверде не сакаше да крева тензија и вели дека Суарез е еден од оние играчи кои не сакаат порано да го напуштат теренот.

„Тој е амбициозен и нормално е да не го сака тоа кога го вадат од игра“ – вели Валверде.