ГН Малезија: Хамилтон најбрз на „Сепанг“

    Возачот на Мерцедес, Хамилтон постигна најдобро време во текот на првиот ден пред ГН на Малезија.

    Хамилтон најбрзиот круг на „Сепанг“ го запиша во вториот тренинг, со време 1:34.944 минути, кога беше 2 десетинки побрз од Розберг.

    Нив ги следеа возачите на Ферари, Фетел и Раиконен.

    Ферстапен во болидот на Ред Бул ги следеше 4-та најбрзи, пред возачите на Форс Индија, Перез, Алонсо во Мекларен и својот тимски колега Рикардо.

    Првата 10-ка ја комплетираат Хулкенберг и Батон.