Ѓоковиќ елиминиран од Ролан Гарос – загуби „добиен меч“ против Фонсека


Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Тенискиот свет доби нова сензација на Ролан Гарос, откако младиот бразилски тенисер Жоао Фонсека приреди големо изненадување и го елиминираше Новак Ѓоковиќ во третото коло од турнирот.

Фонсека славеше по вистинска драма со 3-2 во сетови, откако направи неверојатен пресврт против српскиот ас. Ѓоковиќ одлично го отвори мечот и ги доби првите два сета со 6-4 и 6-4, па изгледаше дека сигурно чекори кон следната фаза.

Сепак, бразилскиот тенисер не се предаде. Фонсека заигра многу поагресивно во продолжението, го намали бројот на грешки и успеа да се врати во натпреварот. Третиот сет му припадна со 6-3, а потоа во неизвесен четврти сет славеше со 7-5 за израмнување на 2-2.

Во решавачкиот сет се водеше голема борба, но младиот Бразилец повторно покажа смиреност во клучните моменти и со уште 7-5 стигна до победа.