„Азар има голем потенцијал и игра неверојатно оваа сезона“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Еден Азар игра како препороден оваа сезона.

Откако минатата сезона тој ја одигра катастрофално, Азар во оваа во 17 натпревари постигна 9 голови и 1 асистенција.

Антонио Конте изјави дека не е изненаден со играта на Азар.

„Еден претходно го знаев како ривал на теренот и тоа во дресот на репрезентацијата. Исто така, го гледав и на телевизија и не бев изненаден со неговата игра бидејќи има голем потенцијал. Но, најважна работа е тоа дека тимот има голема корист од неговите знаења.“

Да потсетиме дека Челси наредниот натпревар го игра на домашен терен против Стоук.