Алонсо: Заминувам од Формула 1 затоа што јас така сакам!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Возачот на Мекларен, Фернандо Алонсо, полека се збогува со Формула 1 (Ф1) и ќе настапи на уште три трки, во Мексико, Бразил и Абу Даби.

Во Мексико навивачите ќе имаат специјален подарок за поранешниот шампион во Ф1, односно ќе носат маска со неговиот лик на трибините.

Во четвртокот Алонсо им се заблагодари на сите навивачи, откако кажа дека сака да заврши во топ 10 во Мексико.

„Овој пат е завршен, направив многу успеси и ова е одличен момент да ја напуштам Ф1. Во Мексико ќе ме поздрават 30.000 луѓе кои ќе носат маски со мојот лик. Ова беше совршено патување. Инаку, јас заминувам од Формула бидејќи тоа е моја желба“, кажа Алонсо.