Американецот Гарсија нов плејмејкер на МЗТ Скопје


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


МЗТ Скопје во своите редови донесе уште едно ново засилување, овој пат на плејмејкерската позиција.

Нов играч на клубот е 22 годишниот Ерик Гарсија кој доаѓа од редовите на универзитетот Вофорд од американската НЦАА Лига.

Гарсија треба да биде организатор на играта на „Металците“ за следната сезона, а ова ќе биде негово прво искуство со играње во Европа. Младиот кошаркар претходно четири години настапуваше за универзитетот Вофорд каде одигра 128 натпревари од кои на 119 бил во почетната петторка.

Ерик Гарсија е петто засилување за тимот предводен од Александар Тодоров. Претходно во редовите на „штрковите“ пристигнаа Дамјан Стојановски, Бобан Стајиќ како и младите Михајло Митев и Ранко Мамузиќ.