АО: Серена Вилијамс рутински стигна до 1/8-финале, крај за Цибулкова


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Серена Вилијамс се пласираше во 4-то коло од Австралијан Опен, затоа што во два сетови беше подобра од Никол Гибс.

Американката на теренот остана нешто повеќе од еден час, а ривалката и препушти само 4 гејмови.

Во 1/8-финалето 2-та тенисерка во светот ќе игра против Барбора Стрицова, која ја победи Каролин Гарсија со 2:0 во сетови.

Меѓу 16-те најдобри се пласираше и Макарова која ја победи Цибулкова со 6:2, 6:7 и 6:3.

Најголемо изненадување во 6-от ден од натпреварувањето го направи Џенифер Брејди откако ја победи Веснина со 7:6 и 6:2.

Хрватката Мирјана Лучиќ-Барони беше подобра од Марија Сакари со 2:1, односно 3:6, 6:2 и 6:3.