Барселона нема да штеди – 60 милиони фунти за играч на Тотенхем?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Екипата на Барселона во летниот преоден рок има цел да донесе квалитетен десен бек.

Многу имиња се поврзуваат со Барселона. Меѓутоа најголемо вниамние привлекува името на Вокер од Тотенхем за кој се подготвени да понудат 60 милиони фунти.

Барселона сака да најде решение за оваа позиција каде што го имаат Роберто и повредениот Видал.

Сепак, на нив не се смета во иднина, па одлучено е да се бара нов играч на оваа позиција.

Вокер е најскапото решение кое се појави. Без оглед на тоа, Барселона има желба да го донесе играчот во својот тим.

Интересно е тоа што Тотенхем минатата година одби 60 милиони фунти кои за Вокер ги испратија Сити и ќе биде интересно да се види одговорот на понудата на Барселона.

Вокер е член на Тотенхем од 2009 година, каде што стигна од Шефилд Јунајтед.