Бомба од Германија: Нагелсман од следната година ќе седне на клупата на нов клуб


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Од Германија ни стигнуваат зачудувачки вести кои говорат дека Јулиан Нагелсман ќе биде нов тренер на Ред Бул Лајпциг.

30 годишниот германски стратег ќе остане во Хофенхајм оваа сезона, а од наредната ќе се приклучи на амбициозниот член на Бундеслигата.

Нагелсман со Ред Бул Лајпциг потпиша договор до 2023 година, а оваа вест дојде како изненадување за многумина со оглед на фактот што младиот тренер во периодот што измина ги одби тимовите на Баерн Минхен, Реал Мадрид и Арсенал кои посакуваа овој стратег да ги води од клупата.