Босанците ја исвиркуваа химната на Грција ! (ВИДЕО)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Босна и Херцеговина води со 2-0 против Грција во второто коло од квалификациите за Европското првенство во 2020 година, па тие се наоѓаат пред втор триумф во групата.

Првиот гол го постигна домашната репрезентација во 10. минута, а пет минути подоцна следуваше ремек-делото на Миралем Пјаниќ од 35 метри, кое ги полуде навивачите на трибините.

Пред почетокот на мечот се случи интересна ситуација, а навивачите покажаа дека не го сакаат нашиот јужен сосед, па решија да им ја расипат химната и интонирањето на истата го испратија со свирежи.

Во продолжение погледнете ја реакцијата на босанските навивачи за време на химната на Грција.