Вардарци заминаа за Копенхаген


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Вардаровата експедиција утринава замина за Копенхаген каде утре ќе го одигра возвратниот натпревар од третото квалификациско коло од Лигата на Шампионите.

Вардарци се очекува попладне да пристигнат во главниот град на Данска, а вечер ќе го одржат и официјалниот тренинг на стадионот „Телиа Паркен“.

Реванш натпреварот помеѓу Копенхаген и Вардар се игра утре со почеток од 20:00 часот. За потсетување, по првиот натпревар, нашиот претставник има предност од 1:0.