Вардар го наполни Пелистер до врв


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Вардар на домашен паркет го победи Пелистер со 41:26 во натпревар од третото коло во плеј-офот.

Пелистер се држеше само до резултат 7:6, по што следуваше серија на Вардарци за водство 12:7. Ова резултатско одлепување беше само најава за нова гол серија за Вардар чии ракометари до крајот на полувремето нааправија плус 9, 21:12. На крајот Вардар победи со 41:26.

Хорхе Македа го предводеше Вардар до победа, а Вујачиќ кај Пелистер беше најефикасен со 4 погодоци.